Таневски: “Зapeм и со caла “Македонија” стаcaвте да пpaвите kpиминал?” (Видео)

Изминуваат две години од фамозното ветување на градоначалникот Илија Јованоски, дека овде ќе градел здравствено-рекреативен спортски центар со затворен базен. Денеска како што можеме да забележиме од тоа ветување нема ништо, всушност како и од се останато што ветуваше и ги лажеше граѓаните пред локалните избори – истакна на денешната прес конференција Александар Таневски од Комисијата за спорт при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Наместо затворен базен, нашите сознанија велат дека спортската сала “Maкедонија”, ваква каква што е без технички прием, била издадена под концесија на лице блиско до власта.

Во оваа прилика го прашуваме градоначалникот и неговата владеачка одродена партија СДСМ:

Дали е вистина дека салата е предадена под концесија на лице блиско на актуелната власт?

Зошто ги лажевте граѓаните со ветување за изградба на ваков грандиозен проект кога и самите знаевте дека тоа не е возможно и дека не сте способни за таков зафат?

Како е возможно под концесија да се издава објект кој како што кажавте и самите вие нема технички прием и се наоѓа во лоша состојба?

Како ја давате салата под концесија кога не се регулирани односите со вработените?

Со кое лице ќе се појавите пред граѓаните и ќе ја барате нивната доверба на престојните парламентарни избори?

Ви останаа ли уште големи лаги во џебот, како онаа за 20% пониски сметки за вода?

Да не биде подоцна не ви кажавме, одново ве предупредуваме, Прилеп и не е толку голем град, па се она што вие се обидувате да скриете, лесно се дознава, а подоцна за тоа ќе следи и одговорност!

Со секој еден изминат ден на власт вие тонете во скандали, корупција и криминал, но за среќа граѓаните гледаат и лесно ве прочитаа.

Следува обнова на државата и раскрстување со вашите политики и владеење!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.