Тамара Стојковска од Битола е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје и самостоен уметник.
Пред два дена таа ја промовираше својата прва песна насловена како “Друга ѕвезда”.
Mузиката и аранжманот за песната се дело на Давор Нечак, текстот е на Јосип Коцев, на пијано свири Давор Нечак, на гитара Зоран Костадиновски, тапани Благоја Антовски, бас гитара Коста Стеваноски, труба Трајче Велков, алт саксофон Христијан Донески, тенор саксофон Стефан Неделковски и тромбон Борислав Маневски.
Пред песната имам направено преработки на неколку песни, кои можете да ги најдете на мојата фб страница која ви ја праќам во продолжение. Доколку ви требаат дополнителни информации за мене или за песната, слободно пишете ми, ќе ми биде задоволство.
Пред оваа песна, Тамара има направено неколку преработки, кои можете да ги пронајдете на нејзината Фејсбук фан страна: https://www.facebook.com/tamarastojkovskaofficial/
Во продолжение слушнете ја “Друга ѕвезда” и уживајте во милозвучноста на оваа композиција: