Претседателот на ОО СДСМ Прилеп и претседател на Советот на Општина Прилеп, Миле Талески, на својот Инстаграм профил објави фотографија од турнирот во мал фудбал “Св. Никола” и напиша:
“Прилеп нај спортски град”.
И да, точно е тоа дека Прилеп е најспортски град, дека прилепчани се жедни за спорт и уживаат во секаков вид спортски настани. Но, Талески заборави дека откако СДСМ ја презеде локалната власт во Прилеп, ФК Победа отпадна во втора лига, а истата судбина ја имаше и ракометниот клуб Прилеп.
За жал фудбалскиот миленик на прилепчани е пред испаѓање и во уште понизок ранг на натпреварување, а акционерите (спонзорите) своите удели и ги отстапија на општината.