Позитивни вести доаѓаат од Бродски Варош, Хрватска. Штркот Клепетан се врати дома 25-та година по ред, а со него од далеку дојде и неговата нова придружничка, објавува SBTV.
Ги пречека Стјепан Вокиќ, како и секоја година досега.
-Дојдоа на 19-ти, а соседот од другата страна на улицата дојде десет дена претходно, изјави тој за локалната телевизија.
Кога се сеќава на Малена, Вокиќ не може да ги задржи солзите. Новата придружничка на Клепетан ја крстил Снајка, а двојката очекува принова.
Стјепан вели дека по овогодинешното враќање, Клепетан откако го посетил него, отишол на местото каде е погребана Малена. Потег, кој вели, само е потврда за нивната љубов на која тој бил сведок 20 години.
Малена и Клепетан
Хрватска, но и регионот ја следи љубовната приказна на Малена и Клепетан речиси 20 години. Пред повеќе од 30 години, пензионерот и вдовец Стјепан Вокиќ од Славонски Брод ја пронајде Малена со застрелано крило, ѝ го спаси животот и оттогаш двајцата ги поминуваа деновите заедно, главно во исчекување на нова пролет.
Во 2002 година, Малена ја пронашла љубовта во Клепетан, кој ѝ се враќал секоја година, и заедно имале 66 штркчиња. Секоја есен, Клепетан одел во Африка, додека Малена останувала во селото со Стјепан, да го чека. Нивната љубовна приказна била снимена во филм „Старецот и штркот“.
Малена угина во 2021 година, но Клепетан продолжил да се враќа.























