Еден од најпознатите југословенски пејачи Мики Јевремовиќ почина денеска од мозочен удар. Тој на 27. декември добил мозочен удар и неколку дена бил во кома.
Во моментот кога го добил мозочниот удар покрај него бил неговиот брат Зоран. Пејачот бил однесен во болница каде му била укажана лекарска помош, па после неколку дена паднал во кома, но денеска ја изгуби битката за живот.