Денеска на 54-годишна возраст ненадејно почина Тони Петрески, поранешен кандидат за градоначалник на општина Прилеп од СДСМ.
Петрески работеше во Министерството за одбрана како раководител на Сектор за цивилно-воена соработка со регионални центри за одбрана.
Тој беше кандидат за градоначалник на СДСМ за општина Прилеп во 2009 година. Во изминатите години Петрески беше еден од водечките луѓе на партијата во Прилеп.