Супер Тричко: Македонскиот голгетер постигна хет-трик за 22 минути и стигна до голем јубилеј (Видео)

Maкедонскиот репрезентативец Иван Тричковски, синоќа стигна до бројката 100 погодоци за фудбалскиот клуб АЕК Ларанка од Кипар.

Популарниот Тричко постигна хет-трик во дуелот од 21. коло против Ермис и му донесе победа на АЕК од 3:1.

Тричковски беше прецизен во 23-та, 29-та и од пенал во 45-та минута, или во само 22 минути три пати ја погоди мрежата на противничкиот тим.

Во редовите на АЕК Ларанка настапуваат уште двајца Македонци. Даниел Мојсов кој со Тричковски го одигра целиот меч, а Стефан Спировски настапи од 67-та минута.

На табелата АЕК Ларнака е на петтата позиција после 10 триумф сезонава со 34 бодови.

Во продолжение уживајте во погодоците на македонскиот голгетер:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.