„Супер Марио“ – проект за грижа и заштита на старите лица по европски терк во Прилеп

„Супер Марио“ е еден уникатен проект на ниво на Македонија каде 15 волонтери секој ден се грижат за 100 стари и изнемоштени лица. Овој проект во Прилеп функционира веќе 4 години и работен е според сите европски стандарди. Проектот се спроведува со координација на Општина Прилеп и Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“. За реализација на овој проект секоја година од буџетот на локалната самоуправа се одвојуваат околу 1 милион денари.

2145120

Целта на волонтерите е да ги посетуваат старите лица неколку пати неделно, да им купуваат намирници, лекови, да им плаќаат сметки, да им средат нешто во домот, но и едноставно да ги дружат и да поразговараат со нив.

Инаку овој проект како идеја е произлезен од настанот „Ден на идеи“, како предлог на Здружението на пензионери на град Прилеп.  „Денот на идеи“ исто така е еден интересен и уникатен проект кој локалната самоуправа на Прилеп го воведе во 2011 година, а кој придонесува за зголемување на транспарентноста на локалната самоуправа.

_MG_7438

Од Општина Прилеп велат дека планираат идната година да се прошири проектот „Супер Марио“ со повеќе средства, бројката на волонтери да се искачи од 13 на околу 20-тина, и бројката на стари лица од 100 да се зголемиме на 150 до 200 лица кои ќе бидат корисници на овие услуги.

02-7ec4aa7724

Сите заинтересирани лица кои сакаат да добијат бесплатна социјална услуга и информации во врска со проектот за стари и изнемоштени лица во домашни услови можат да се обратат во приемното одделение во локалната самоуправа и во просториите на Домот за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески Платник“ или на телефонските броеви 048/ 401-720 и 048/428-807  во период од 08.30 до 15.30 часот.

654566

Во состав на домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ функционира уште еден проект од социјалната заштита, а тоа е народна кујна, чии услуги ги користат околу 100 лица. Овој проект се реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

254

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.