Судот го ослободи Заев за „Поткуп“

Зоран Заев предмалку беше ослободен од обвинението за судскиот случај “Поткуп”.

Пресудата ја прочита судијата Дарко Тодоровски од Кривичниот суд, а во читањето на пресудата судијат посочи дека обвинителството не успеало да ја докаже вината на Заев, па поради тоа донеле ослободителна пресуда.

Поради преиначувањето на обвинителниот акт од страна на обвинителството, судот одлучи дека материјалите кои биле прибавени со ПИМ мерки не можат да се земат во предвид за таквиот акт, па поради тоа судот одлучил истите да се иземат при одлучувањето.

Премиерот Зоран Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.