Единаесет лица од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на регионалниот пат Битола-Демир Хисар меѓу автомобил „Мерцедес“ и автобус „Форд Транзит“ , двете со битолски регистарски ознаки.
Во незгодата возачот на автобусот З.Д.(47) се здобил со тешки телсни повреди(фрактура на чашка од лево колено, пукнатина на скочен зглоб и посекотина на колено), кој е пренесен и задржан на лекување во Клиничката болница во Битола.
Во несреќата полесно повредени се уште 10 лица-сопатници во автобусот, кои по укажаната лекарска помош во битолската болница се пуштени на домашно лекување.