Сугарески молчи и се согласува дека Бугарите биле административци?

Премиерот Зоран Заев како и пред една година, повторно се соочи со лавина реакции и од јавноста и политичарите, за неговите ставови дека од учебниците треба да се избрише терминот “бугарски фашистички окупатор”.

На неговите изјави деновиве реагираа интелектуалци, професори, градоначалници и кандидати за градоначалници.

Реакциите повторно се најжестоки во Куманово и Прилеп, градовите каде пукнала првата пушка и започнало народноослободителната борба.

На Фејсбук се огласија градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, како и кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Борче Јовчески.

Само Горан Сугарески, не најде за сходно да напише неколку збора во одбрана на стотици и стотици паднатни борци од Прилеп во народноослободителната борба против фашистичките окупатори.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.