Градиме систем кој води ефикасна, севкупна бopба против кopyпцијата, на сите нивоа, во сите сфери, се додека корупцијата не се доведе до степен на неисплатливост, вели Љупчо Николовски.
– Тоа ќе се спроведе преку зајакнување на системот, соодветни кривични постапки, постапки за испитување имотна состојба и конфискација на имотна корист стекната преку кривични дела. Преку контроли и систем на следење до нулта толеранција за секој кој ќе посегне да го наруши правниот систем!
Недопирливи нема! Создаваме држава во која секој виновен се казнува, а праведен напредува! Трпеливо и истрјано до општество без кopyпција, завршува Николовски.
Патем, само да потсетиме дека овие големи бopци се родени и живеат во истата држава во која пред неколку дена ДЕА апсеше полициски службеници и во државата во која се издадени над 200 пасоши на светски нapко-босови.