Сугарески во глувчја дупка, скријан чека шанса, Јованоски го збира гневот за четиригодишното неработење?

Веќе е познато дека Прилеп има двајца кандидати за кандидат за градоначалник на општина Прилеп. Социјалдемократите одлучуваат помеѓу актуелниот Илија Јованоски и поранешниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Сугарески ја чека својата прилика откако ја напушти раководната позиција во Царинската управа, а Јованоски деновиве активен на терен, се обидува да прикаже дека општината под негова палка постигнала многу во овие 4 години.

Денеска градоначалникот се пофали со нов гребен асфалт на крак од улицата “Леце Котески”.

“Освен улиците во централното градско подрачје, работиме на подобрување на патната инфраструктура во периферијата на градот, но и во населените места.

На барање на жителите од населбата под железничката пруга, зад Фабриката за цигари, започнавме со реконструкција на крак од улицата „Леце Котески“.

Станува збор за некатегоризирана улица во должина од околу 400 метра, која не може да биде асфалтирана. Од тие причини, на улицата се поставува гребен асфалт, со што значително ќе се подобрат условите за живеење за жителите од овој дел на градот”, напиша Јованоски на ФБ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.