Во пресрет на локалните избори, кои патем се чини ќе бидат најинтересни за јавноста, пред се поради големата бројка на независни кандидати во повеќето општини, ги анализираме кандидатурите во пелагониските општини.
Покрај големите центри како Прилеп и Битола, интересни партиски и кандидатски изборни битки ќе се водат и во околните општини, а тука ја издвојуваме општина Долнени, каде како и по обичај има голем број кандидати за градоначалник и советнички листи.
ДИК прифати 7 кандидатури за градоначалник, меѓу која и на Суад Адиловиќ како независен кандидат – докажан полициски службеник професионалец и човек хуманист.
Важи за личност која ги обединува сите, особено во оваа мултиетничка општина, човек кој помогнал секогаш и секаде и кој отворено може да каже дека за него сите националности се пријатели.
Токму затоа и цели на сите гласови, и на Бошњаци, и на Македонци, Албанци, Турци…. од Сенокос, Новоселани, Ропотово, до неговото родно Десово, па и Житоше, Дебреште и Црнилиште.
Адиловиќ е семеен човек, татко на едно дете и сопруг на Ленче, која по националност е Македонка, па уште во семејниот дом докажал дека може да се живее во хармонија.
Адиловиќ верува дека само независен кандидат, ослободен од партиските стеги, може да направи од оваа општина убаво место за живеење, да направи дом за меѓусебно почитување и соработка.
Неговиот фокус ќе биде враќање на достоинството на обичниот човек, работникот и рамномерен развој на сите населени места. Ветува дека ќе подаде рака на сите, од сите националности, а со цел општина Долнени да стане симбол на заедништво каде младите нема да ги напуштаат родните места, каде работничкиот труд ќе биде достоинствено платен, каде нема да има села без асфалт, канализација и водовод во 21 век.
Нам ни останува да му посакаме среќа и успех во кампањата!