Стpaшно невpeме синоќа во Белград, автомобили пловеа по улиците: УХМР пpeдyпpeдува за невpeме и кај нас

Големо невpeме синоќа го погоди Белград предизвикувajќи поплави во некои делови од градот.

Сцените кои вчера можеа да се видат на социјалните мрежи укажуваат на големи материјални штети.

Еден дел од градот беше посебно погоден, а вчера сообраќајот речиси и да не се одвиваше додека водата ги поплави улиците.

На дел од снимките се гледа и како автомобили пловат по улиците поради невремето кое претходно ја зафати Чешката Република.

УХМР за денеска најавува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, а локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

За утре УХМР најавува променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.