Страшно невреме ја зафати Македонија. Од полноќ земјава се наоѓа во жолта алертна фаза поради засилен ветер и врнежи од дожд.
Паднатите дрвја и билборди низ улиците во Скопје предизвикаа сообраќајка на улицата Партизанска.
На социјалните мрежи се појавија и фотографии од паднати кровови на згради.
Екипите на Град Скопје ги санираат штетите.