Стравот постои само во вашата глава, нигде на друго место: 14 совети на познатиот психолог

Дејл Карнеги разработил сопствена концепција на бесконфликтниот и успешен однос.

Имал голем број следбеници на неговата теорија, но и такви кои биле против. Meѓутоа, никој не oстанал рамнодушен, а неговите совети е корисно да се слушнат:

1.Секој човек барем 5 пати дневно е будала. Вистинската мудрост се сведува на тоа дека тој временски лимит не смее да се прескокне.

2.Ако судбината ти подари лимон, направи од него лимонада.

3.Научете да се ставите на местото на друг човек и да сфатите што му е нему потребно, а не вам. Цел свет ќе биде со оној кој ќе успее да го направи тоа.

4.Бидете зафатени. Тоа е најефтиниот лек на светот, и еден од најефикасните.

5.Ако посакате да промените некого, почнете од себе. Тоа е корисно и безопасно.

6.Замислете ги најлошите последици кои можат да ги предизвикаат вашите постапки, однапред помирете се со нив и потоа дејствувајте.

7.Насмевката не кошта ништо, а многу вреди.

8.Многумина повикуваат лекар кога им е потребна публика.

9.Луѓето не ги интересираме ниту јас, ниту вие. Наутро, на пладне и навечер тие се занимаваат само со самите себе.

10.Кога човек ќе започне војна против самиот себе, тој веќе вреди нешто.

11.Јасно е дека вашиот маж има недостатоци, но да бил светец никогаш немаше да се ожени за вас.

12.Запомнете дека името на човекот е најслаткиот и најважниот звук на планетата за него, на било кој јазик.

13.Тајната за нашата несреќа е во тоа што имаме премногу слободно време да размислуваме за тоа дали сме среќни или не.

14.За мудар човек секој ден започнува нов живот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.