“Стојкоски држи лекции за успешен градоначалник”

ООУ „Мирче Ацев” е меѓу првите пет училишта во нашата држава кое ја има можноста да биде дел од програмата “GLOBE”. Заедно со американската амбасадорка, Н.Е. Кејт М. Брнз, министерката за образование и наука, Мила Царовска, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и националниот координатор Катерина Николовска ги посетивме учениците кои ја следат состојбата на животната средина и вршат директни експерименти и истражувања кои имаат вистинско научно значење, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски.

-Без разлика каде живееме, нашата заедничка врска е планетата Земја, а “GLOBE” ни овозможува на сите да откриваме за воздухот кој го дишеме, водата која ја пиеме и почвата која ја користиме.

ООУ „Мирче Ацев” е меѓу првите пет училишта во нашата држава кое ја има можноста да биде дел од програмата “GLOBE”. Заедно со американската амбасадорка, Н.Е. Кејт М. Брнз, министерката за образование и наука, Мила Царовска, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и националниот координатор Катерина Николовска ги посетивме учениците кои ја следат состојбата на животната средина и вршат директни експерименти и истражувања кои имаат вистинско научно значење.

Вклучени се повеќе од 130 ученици од второ до осмо одделение кои преку практична настава се грижат за животната средина. Светската научна и образовна програма поврзува ученици, учители и научници од целиот свет. Како општина во која вложуваме континуирано во образовниот процес го превземаме првиот чекор за да ги поттикнеме учениците да го откриваат, истражуваат и проучуваат нивниот свет. Децата не треба да читаат наука, туку да ја проучуваат,а нам ни останува да им го овозможиме тоа, пишува Стојкоски во својата објава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.