“Стоката” му сврте грб на Пендаровски во двојазичен Прилеп?! Остана само со тазе вработените излезени во работно време??”

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, вчера беше во посета на Прилеп каде заедно со неколкумина од партиското раководство и дел “пресно вработени” направи обиколка низ прилепската Стара чаршија.

Пендаровски даде изјава за медиумите под Градскиот Саат, каде го обвини претседателот Ѓорѓе Иванов дека сеуште го користи старото уставно име државата Република Македонија.

Забележливо беше дека отсуствуваше поддршката од граѓаните, а околу Пендаровски присутни беа само 50-тина партиски активисти.

Дали оваа слика е одраз на слабиот изборен резултат кој му претстои на СДСМ во Прилеп, останува да видиме на претседателските избори кои ќе се одржат на 21 април.

Видео: “За Пендаровски народот е стока??”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.