Новинарот Борислав Стоилковиќ тврди дека настаните пред Собранието на протестите против името на кои дојде до судири биле изрежирани од страна на власта.
Стоилковиќ укажа на тоа дека имало доста ситници кои тој ги забележал и укажуваат на тоа дека сето ова е исценирано дестивие на власта без причина и повод.
По направените снимки од страна на Стоилковиќ, му е одземена неговата камерата. И по целата ваква ситуација тој бил приведен во полициска станица каде уредно подал документи за идентификација.
-На снимката од бандерата се гледа дека оние коишто ги прават инцидентите демек насилните демонтстранти дека се буквално уфрлени. Затоа што нивните движења, покретите кон полицијата се исти како на показните вежби коишто беа презентирани пред 4-5 месеци каде што имаше разбивање на топла. Значи истите покрети од вежбата, на истиот начин со стап да се допира само штитот. Демонстрантот кој фрлаше шише кон полицијата, идеше да ја тргне оградата кон полицијата, додека овие 6 ја влечеа оградата надвор од полицијата за да може полицијата полесно да делува кон полицијата, изјави новинарот Стоилковиќ.