Стобирај и вози – голема наградна игра од Витаминка со брендот Стоби

Три автомобили, скутери, ховерборди, ЛЕД телевизори, таблети и уште над 500 други вредни награди се дел од големата наградна игра на Витаминка и омилените грицкиСтобиФлипс, ЧокоСтобиФлипс и СтобиСтикс.

vitaminka

Наградната игра „Стобирај и вози“ започнува на 20-ти септември и ќе трае до 25-ти декември, кога е последното извлекување на добитниците.

За учество и можност за добивање на некоја од бројните награди, потребно е само да се соберат 5 празни кесички од СтобиФлипс, ЧокоСтобиФлипс или од СтобиСтиксод кој било вкус и грамажа, да се стават во плик и пликот да се оставиво видливо обележаните кутии во продажните места низ целата држава или да се испратат по пошта на адреса на компанијата.

-Како бренд што поврзува генерации и некако го следи развојот на Витаминка, се решивме да направиме наградна игра за производи од брендотСтоби. На овој начин сакаме да им се заблагодариме на потрошувачите кои го ценат квалитетот на овој производ што прерасна во домашен бренд број еден“, изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на Витаминка.

Стобирај и вози!има вкупен фонд од над 100.000 евра и со три циклуси на извлекување и наградување. Првото извлекување ќе биде на 23-ти Октомври, второто на 27-ми ноември и третото на 25-ти декември. Од првите две извлекувања ќе биде доделен по еден автомобил ToyotaYaris и други вредни награди, додека на третото извлекување главната награда е најновиот модел наToyota C-HR Hybrid.Среќниот добитник ќе биде првиот сопственик на овој автомобил во Македонија.Неизвлечените пликови од првото извлекување ќе учествуваат во второто, а од првото и второто извлекување ќе учествуваат и во третото.

Сите подетални информации за наградната игра како и јавното објавување на добитниците ќе бидат поставени на веб платформата www.stobiranka.mk.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.