Во центарот на Прилеп деновиве сеуште трае реконструкцијата на дел од булеварот “Гоце Делчев” и улицата “Прилепски бранители”.
Пред започнувањето на проектот градоначалникот Илија Јованоски најави проширување на булеварот и зелен појас на средина на коловозот, како и велосипедски патеки.
Но, според тоа што може да се види денеска нема никакво проширување на коловозот, а граѓаните сметаат дека улицата “Прилепски бранители” дури и ќе биде стеснета, што ќе претставува нов поголем проблем за одвивање на сообраќајот, иако ќе се изврши реконструкција.
“Во 70 тите години кога се градел булеварот во Прилеп со ширина како до денес градот имал едвај 100 тина возилa, па луѓето се лутеле зошто толку широка улица, булевар, но издржа до денес, благодарение на совеста и знаењето на проектантот, секоја чест.
Денешнава власт, кога во Прилеп има најмалку 100-тици пати повеќе возила од тогаш го стеснува булеварот од 4 на само 2 коловозни ленти. Кој беше толку паметен проектант и кој го одобри овој проект, само да знам? За грев и жалење сте, наместо да проширите уште 2 па од 4 да станат 6 коловозни ленти, вие од постоечки 4 правивте само 2 коловозни ленти, без да имате претстава како изгледа, или ќе изгледа утре. Имате ли мозок што правите??? Навистина за ништо НЕ ВЕ БИДУВА! Катастрофа сте!
Ова гарантирам дека уште в година новиот градоначалник ќе го руши и преправа, едноставно ќе мора, а нашите пари залудно ќе одат во бунар. Во нормални земји и за ваква погрешна проценка кривично се одговара по повеќе основи, пред се за злоупотреба на буџетски средства од народот”, гласи пораката на еден прилепчанец на Фејсбук.
Се соголува центарот на Прилеп? Иceчени уште три прекрасни дрвја (Фото)
Покрај ваквите реакции, граѓаните во текот на вчерашниот ден беа гласни и за сечењето на дел од дрвата, за кои исто така беше кажано дека нема да се чепкаат.
Граѓаните прашуваат дали општината планира сечење и на другите дрва за да се постигне проширувањето на улиците?