Пред градската саат кула во Прилеп, местото каде пред еден месец лидерот на опозицијата Зоран Заев ја најави двојазичноста за градот под Марковите Кули, денес со своја пресконференција излегоа и кандидатите за пратеници од Прилеп, за четвртата изборна единица.
Притоа кандидатот за пратеник Димитар Стевананџија порача:
Градскиот часовник е сведок на многу добри и лоши настани во нашиот град беше сведок и на таа изјава, но верувајте дека многу премрежја поминал нашиот град и успеал да се справи со сите. Ние сакаме да му порачаме дека нашиот град не сака двојазичност и не сака федерализација. Ние сакаме реална програма.
Сакаме гасификација, нов градски театар, нови училишта, реконструкција на спортскиот центар “Маркови Кули”, реконструкција на старата чаршија, нови патишта и многу други проекти за поубав Прилеп.