Стевананџија: Ве очекував со гас маска да дојдите, макар и од “Алиекспрес” (Видео)

На денешната седница во Собранието зборуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија кој се обрати до заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули.

“Ова е вториот министер после Сугарески што за 36 месеци чудно се преобрази. Тој не гледа дека Македонците дишат кокс, а вториот сеуште не може да ги најде клучките и да признае дека ниту еден автопат, ниту еден мост во Македонија не се гради. Актуелниот заменик министер повика денеска да заборавиме кој бил на говорница. ТОа ќе го заборавиме кога ќе го видиме него, Шилегов и уште неколку министри со гасмаски да киснат пред кабинетот на Оливер Спасовски. Тогаш ќе бидиме 1:1 и ќе знаеме кој што правел кој кого го лажел. Иначе благодарение на овој бивш пратеник, а сегашен заменик министер, еве до каде стаса Република Македонија. Варираме од 1 до 3 место. На 25-ти некни сме биле први. Под нас е Њу Делхи, Шенјанг од Кина и Лахор од Пакистан. Ги победуваме убедливо, Република Македонија шампион во загадување. Денеска не ни очекувавме да се појави министерот, бидејќи тој нема како да ни се обрати. Не знае ниту македонски, не знае ниту албански. Треба назад да стои некој со суфлер да преведува. Почитувани граѓани маските ги нема, не ги носат ниту оние од “Али експрес”, но за волја на вистината и за волја на македонскиот народ маските паднаа, а за неколку месеци ќе падне и оваа Влада. Тоа е единствено добро што денес се случува во Република Македонија. Пари немаат за ништо, повеќе пари одделуваат за купување лубриканти и за коцкарски апарати, отколку справување со загадувањето. Да ве потсетам, овие борциве за животна средина одделуваат повеќе пари за овие работи, отколку за воздухот”, истакна меѓу другото пратеникот Стевананџија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.