Стевананџија: Би било подобро кога би ги укинале овие министерски места, затоа што ништо не сработиле за 22 месеци

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на вчерашната седница во собранието рече дека секој кој што има сопствена желба за себе промоција, а е дел од коалицијата на СДСМ, може да биде министер. И би било подобро кога би ги укинале овие министерски места затоа што ништо не сработиле за 22 месеци.

Стевананџија вели дека очекувал министрите кои не одат на работа повеќе од една година, министрите кои даваат изјави дека не се занимаваат со граѓаните на Република Македонија дека тоа не било нивна работа, министрите кои одат на комисии а спијат, конечно да бидат разрешени, затоа што граѓаните на Република Македонија тоа го очекуваат.

Тој вели дека исто како технички персонал во училиште или во болница доколку не појде три дена на работа ќе биде отпуштен , така и министрите кои не одат на работа шест месеци треба да им се даде оставка.

„Ние од излагањето на колегата Самка Ибраимовски разбравме дека била негова лична желба или желба на партијата за оставка на министерот Аксел Ахмедовски, а не желба на премиерот. Утре може да се случи повторно да се скара со лидерот на неговата партија по два месеци и повторно да имаме предлог за разрешување, а не оставка.“

Пратеникот нагласи од буџетот за 2019 година беа скратени 1.1 милион евра од Декада на ромите, а можеа да се решат многу проблеми за ромската популација барем во Прилеп.

„СДСМ не оствари уште едно ветување кое го ветија и тоа јавно ветување што беше дел од нивната програма, кога веќе сме решиле да штедиме и да кратиме, и сме ветиле дека ќе го намалување бројот на министерствата, тогаш нека важи максимата „Зборот е збор“ .“

СДСМ не ја исполнија програмата која ја ветија во однос на скратување на бројот на министерски места. Наместо тоа има дури и најави за формирање на уште едно ново министерско место, вели Стевананџија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.