Дека камионџијата Андруш е голем љубител на македонската песна, тоа веќе добро го знаете, но кога е во друштво на неговиот голем пријател, пејачот Наум Петрески, забавата за нив станува уште поинтересна.
Двајцата се мераклии на песната ама и убавото вино, а летово решија да се опуштат во една поинаков амбиент освен на маса во кафеана.
Па така, Андруш го замени камионот со возење во глисер, а пак Наум микрофонот го замени за шише.