Во народот се верува дека некои појави навестуваат идни настани, а помеѓу нив се и овие:
– Кога четири луѓе при разделба се ракуваат, ќе дојде до раздор и кавга
– Ако наврне дете кое се уште не наполнило година дена, ќе биде слабо и болежливо
– Кога има 13 лица за една маса, некој ќе се разболи
– Кога наутро ќе станеш, не станувај на лева нога, да не ти биде цел ден малерозен
– Кога ќе тргнеш на пат па мора да вратиш по нешто што си заборавил,од тој пат не очекувај корист
– Кога прв пат ќе спиеш во туѓ кревет, запамети што сонуваш, бидејќи тој сон ќе ти се исполни
– Првата ноќ тоа што го сонуваш во новиот стан тоа ќе ти се исполни