Победа денеска го израдува и го крена на нозе цел Прилеп откако славеше со 3:0 против Беласица.
Натпреварот го следеа над 5.000 гледачи на градскиот стадион “Гоце Делчев” кои беа ветер во грбот на црвено-белите.
После 25 oдиграни кола во Втората лига-Исток, Победа се наоѓа на првото место на табелата, благодарение најмногу на убедливата игра денеска, но и на киксот на Слога Виница, која одигра само 0:0 со Саса.
Сега прилепчани се со едната нога во Прва лига, а до крајот на првенството остануваат уште две кола, на кои Победа ќе игра со Пехчево на домашен и против Слога на гостински терен.
Виничани се наоѓаат во потешка ситуација, затоа што пред дуелот со Победа и’ гостуваат на Беласица, која пак се уште е во игра за второто место на табелата.
Прилеп денеска покажа дека е желен за фудбал, дека го сака фудбалот и дека Победа никогаш не ја изгубила нивната љубов.
Олку многу публика на стадионите ширум Македонија е ретка слика дури и во Прва лига, а не пак за второлигашки фудбал.