Српски милијардер купи клуб од англиската Премиер лига

Англискиот фудбалски прволигаш Саутемптон премина во рацете на српскиот милијардер Драган Шолак, кој е сопственик на телекомуникациската компанија Јунајтед груп, на чело на инвестициската групација Спорт Републик.

Англиските медиуми јавија дека Спорт Република за 100 милиони фунти купил 80 отсто од акциите од кинескиот бизнисмен Гао Јишенг, кој беше сопственик на Саутемптон од август 2017 година.

Ова е трета голема инвестиција во клуб од Премиер лигата во последните три месеци, откако чешкиот милијардер Даниел Кретински купи 27 отсто од акциите на Вест Хем во ноември, додека саудиски конзорциум ја презеде сопственоста во Њукасл во октомври.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.