“Огнена топка” на небото ги вознемири жителите на Белград во вторникот, пренесуваат српските медиуми.
Жителите беа вознемирени од она што го видоа, бидејќи немаат објаснување за што станува збор. Ова се случило точно во 20 часот.
На социјанлите мрежи се појавија голем број на коментари. Луѓето прашуваа дали се работи за некое небесно тело или дури и за “НЛО”.