Откако вчерашниот состанок на сојузот на средношколци со министерката за образование и наука, Мила Царовска беше неуспешен, за денеска матурантите најавија бојкот, односно нема да се приклучат на настава додека министерката не ги прифати нивните барања.
Тие бараат кратење на предметите за полагање.
Средношколците наместо четири предмети, бараат да се полагаат два предмети, од кои еден мајчин јазик и вториот предмет да биде избор на ученикот во склоп со неговите планови за иднина.
Денеска, министерката изјави дека сепак ќе се полагаат четири предмети.