Средното економско училиште „Кузман Јосифоски Питу“ со нови инвестиции

123

Градоначалникот Марјан Ристески заедно со претставниците на Делегацијата на ЕУ: г-дин Мауро Ди Вероли раководител на оддел за Регионален развој, социјална политика, земјоделство и прекугранична соработка, г-дин Димитар Малиновски и Државниот секретар од Министерството за локална самоуправа на РМ, Г-ѓа Билјана Цветановска Гугоска, денеска го посетија СОУ „Кузман Јосифоски Питу“ и го означија почетокот на новиот проект за средното економско училиште кое добива 137.000 евра за обнова на зградата и фасадата на училиштето со термоизолација, покривната конструкција и дограмата за штедење на енергијата. Општина Прилеп е партнер во проектот „Tематската мрежа на oдржлива енергија на прекуграничните локални власти“ – ЕНЕРЏИНЕТ кој е во фаза на имплементација. Проектот е одобрен за финансирање од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција. Во проектот како партнери се вклучени пет општини во прекуграничниот регион: Велес и Прилеп од Република Македонија и Лерин, Ираклија и Висалтија од Република Грција. Вкупниот буџет на проектот за сите 5 партнери изнесува околу 745.000 евра, а буџетот предвиден за Општина Прилеп е околу 128.000 евра. 85% од финансиските средства се обезбедени од Европската унија, преку ИПА програмата а 15% е национално кофинансирање. Во рамките на овој проект планирани се повеќе активности како работилници и презентации за подигање на јавната свест за одрживата енергија, работилници и семинари за размена на искуства, изработка на акциони планови за одржлива енергија за сите 5 општини, енергетски проверки на јавни објекти и др. а за секоја општина е планирано да се реализира по еден инфраструктурен пилот проект во кој практично ќе се применат мерки за енергетска ефикасност. Во Општина Прилеп како демонстративен пилот проект ќе се реализира проектот за Реконструкција на Средното училиште „Кузман Јосифоски Питу“, а зафатот опфаќа замена на старите прозорци со нови ПВЦ прозорци и термопан стакло, поставување на термоизолациона фасада, замена на покрив и изолација на покрив, како и поставување на нова громобранска инсталација. Вкупниот буџет за оваа реконструкција изнесува околу 80.000 евра. Денес го означуваме отпочнувањето на градежните активности за Реконструкција на училиштето и спред плановите истото треба да биде завршено пред отпочнувањето на новата учебна година. Овој проект ќе има големо значење за подобрување на условите за одржување на настава во ова училиште, а со примената на сите мерки за енергетска ефикасност ќе се придонесе и за заштеда на финансиски средства

1234567 1234 12345 123456




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.