Професорите во средните училишта во Прилеп, се’ уште немаат земено плата за месец ноември, иако празниците се на врата, а голем број од нив ќе останат без лични примања и за семејната и градска слава Св. Никола.
Тие деновиве жестоко реагираат на социјалните мрежи и велат дека ова не се случило досега, платите толку да доцнат. Покрај плати, професорите се’ уште не добиле ниту регрес за годишен одмор – популарното К-15.
“Кредитот во банка не прашува дали имате или немате земено плата”, вели еден од просветните работници.
Други се одлучија револтот да го преточат во стихови:
























