Србија прослави нова победа: На Косово нема да му биде дозволено да учествува на Евровизија

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) одби да го прими Косово во своите редови.

На состанокот во Осло, Србите се обидоа да се изборат Косово да не биде примено во оваа организација како полноправен член, па поради тоа и понатаму нема да може да учествуваат на Евровизија.

“Членките на ЕБУ не прифатија да се промени статусот и Косово да биде рамноправен член. Повеќе гласови беа против овој предлог. Од српската РТС наведоа дека Косова сака да влезе во ЕБУ од политички причини, а тоа го согледа и целата Унија”, вели Мики Михаловиќ за српски Курир.

“Европската радиодифузна унија е важна за нас. За формирањето на една нација важни се настаните како Евровизија на кои се промовира државата”, велат косовските политичари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.