Спомен обележјето кое сведочи за еден од најголемите масакри во историјата на Македонија, се наоѓа во катастрофална состојба. Околу споменикот кој сведочи за масакрот од 19 септември 1942 година кај прилепското село Дабница, владее вистинска депонија и неред.
Ова место е од огромно значење за македонската и историјата на Прилеп, место каде на тој 19 септември 1942 година, 19 прилепчани биле најпрво измачувани, а потоа и стрелани од фашистичкиот окупатор.
Бронзената статуа која била излеана од првиот академски образован скулптор во Македонија, Димо Тодоровски (1910-1983), која долго стоела во чест на загинатите е украдена во 2002 година.
Читатели на нашиот портал испратија фотографии и видео до нашата редакција, а она што може да се види го нема ниту на хорор филм.