СРАМНО! Прилепските велосипедисти се први на сите табели, а ВФМ одлучи да ги исклучи од натпреварување!

Прилепската спортска јавност беше згрозена и разочарана, откако Велосипедската Федерација на Македонија донесе контроверзна одлука за исклучување од натпреварување на Велосипедскиот клуб “ИЛИНДЕН”. Причината според објавената одлука, а потпишана од претседателот Иванчо Тошевски од Битола, е некоја неплатена фактура, но од клубот се сомневаат дека позадината е сосема друга.

Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на Претседателот на прилепскиот клуб, Драган Димитријоски, кој на социјалните мрежи напиша:

-Почитувани пријатели, љубители на спортот
Новото раководство на Велосипедска Федерација на Македонија предводено од претседателот Иванчо Тошевски од Битола, ја донесе досега најсрамната Одлука во велосипедскиот спорт од кога постои: ГО ИСКЛУЧУВААТ од систем на натпревари В.К.ИЛИНДЕН поради неплатена ф-ра на ВФМ. Фактура која патем е измислена за да се направи штета на клубот, ф-ра која служеше за да се заплашат делегатите од клубот, кои лани бараа промени, и ф-ра после лансикиот избор на В.Д претседател стана без предметна.

Ова сето се случува кога нашите најдобри возачи треба да настапат на Балканското првенсто во Република Србија, кога ИЛИНДЕН е првак во младинска конкуренција, кога ИЛИНДЕН е шампион екипно во вело крос за 2024, кога членовите на ИЛИНДЕН водат на сите ранг листи во катеогриите во кои се натпреваруваат.

Од Иванчо Тошевски како нов претседател (не цели четири месеци е на функција) се очекуваше ентузијазам, нова енергија, за работа, наместо тоа од кога е избран се нема одржано трка во МК и една од првите одлуки е да “замри“ еден од најстарите, а последниве години и најтрофеен клуб.

ИЛИНДЕН е Аманет, ИЛИНДЕН е еден од најстарите клубови во Македонија, ИЛИНДЕН е ПРИЛЕП !!!

ЈАВНО ГИ ЗАМОЛУВАМ СИТЕ ДОБРО НАМЕРНИ ЛУЃЕ ДА ПОМОГНАТ ОВА ДА СЕ СПРЕЧИ !!!

И ЈАС СУМ ИЛИНДЕН!

Во продолжение и официјалните бодовни табели, каде се гледа дека клубот освен во екипна конкуренција, води и на сите поединечни рангирања:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.