ВМРО-ДПМНЕ има сигурно водство пред коалицијата СДСМ-Беса, покажа вчерашната анкета спроведена од Институтот „Habeas Corpus”, кој разработува прашања од правниот и политички систем.
Според податоците од анкетата 22,5 проценти од граѓаните одговориле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат парламентарни избори. Коалицијата СДСМ/БЕСА има помала доверба кај граѓаните и според анкетата би го добила гласот од 20 проценти од нив.
Претврено во бројки, коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕби добила повеќе од 70 илјади гасови на парламентарните избори и е сигурен победник.
Сличен заклучок покажа и истражувањето на МКД.мк што пред повеќе од еден месец го спроведе агенцијата Маркет вижн. На прашањето за кого би гласале кога денес би се одржале парламентарните избори, предноста од 1,6 отсто е во корист на ВМРО-ДПМНЕ.
Извор: “Република.мк”