– Како Србија ќе ги реши проблемите со Косово и Метохија, ќе одлучи Србија, а претседателотна Македонија, Пендаровски, ниту некој ќе го праша, ниту пак ќе го прифати неговото мислење, порача министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин.
Министерот за обдрана за Србија реагираше на изјавата од претседателот Стево Пендаровски во која тој наведе “дека се противи на идејата за корекција на границите меѓу Белград и Приштина”.
Вулин смета дека Пендаровски во Македонија ретко кој го прашува за мислеење, а уште помалку што мисли за прашањата во соседните држави.
“Претседателот Пендаровски, може слободно да молчи на јазикот кој му е признат само од Србија, а и на останатите јазици уште погласно да молчи, бидејќи никој нема ниту да го праша, ниту да го прифати неговото мислење”, порача Вулин.