СПРЕЧЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО МАКЕДОНИЈА: Уапсен терорист во Арачиново, повратник од Сирија кој спремал терористички напад во Македонија!

Две лица на возраст од 23 и од 24 години од Скопје се уапсени поради инволвираност во подготвување извршување кривично дело „тероризам“ и за поврзаност со повратници од ИСИС, информира денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков.

aracinovo-policija-1-blur

– Министерството за внатрешни работи како дел од поширока регионална оперативна акција во борбата против тероризмот на 4 овој месец по претходно издадени наредби извршени два претреси од кои едниот во Скопје, а другиот во село Арачиново. За време на извршените претреси пронајдено е и обезбедено 24-годишното лице од село Арачиново, додека второто лице е приведено на Косово – рече Чавков на прес-конференција во МВР.

Посочи дека за лицето е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394-б од Кривичен законик на Република Македонија при што од страна на судија за претходна постапка му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

– При претресите се пронајдени и со потврда одземени мобилни телефонски апарати со СИМ-картички, фотоапарати со микрокартички, метален боксирач, регистарски ознаки, куршум, компјутерски куќишта, таблет, УСБ и разна документација – рече Чавков.

Чавков, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека станува збор за лица за кои постоеле разузнавачки информации од претходно дека се припадници на исламски радикализам, како и дека имаат поврзаност со повратници од ИСИС, односно странски борци.

– Нивните цели беа преземање конкретни терористички акти на територијата на Македонија. Намерите и интенциите на оваа структура се осуетени со навремено добивање разузнавачки информации – рече директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.