Спречен атентат врз Ангела Меркел

Чешката полиција уапсила вооружен маж кој се обидел да влезе во колоната со возила во која што била Ангела Меркел, а како што пренесува британски „Мирор“ голема била веројатноста дека бил спречен атентат врз германската канцеларка.

 

merkel-1

„Мирор“ пренесува дека уапсениот маж возел црн „мерцедес“ и во еден момент со својот автомобил се обидел да се инфилтрира меѓу автомобилската придружба на германската канцеларка која што била во официјална посета на чешката престолнина Прага.

Локални полициски службеници откриле дека човекот бил уапсен под сомнение дека планирал да изврши злосторство „против високи функционери“, а случајот сега бил во рацете на детективите од полицијата во Прага.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.