Спремајте по 50 евра за казна ако од петок го правите ова

Од 26 септември стапуваат на сила измените во Законот за безбедност во сообраќајот, објавени во „Службен весник“. Новите одредби предвидуваат построги правила за сите учесници во сообраќајот со цел зголемена безбедност.

Особено внимание е посветено на употребата на електронски уреди при движење. Пешаците кои ќе преминуваат пешачки премин користејќи мобилен телефон ќе се соочат со парична казна од 40 евра. За возачите на тротинети, мотори и трактори кои управуваат возило додека истовремено користат електронски уреди, казната ќе изнесува 50 евра.

„Пешакот е должен да се движи внимателно, без притоа да користи електронски уреди со кои би му се намалило вниманието додека го преминува коловозот и велосипедската патека,“ се наведува во член 116-а од Законот.

Од почетокот на 2026 година е најавено воведување на системот „Безбеден град (Safe City)“. Преку видеонадзор, системот ќе открива и регистрира сообраќајни прекршоци. Сепак, неговата целосна примена зависи од усвојувањето на Законот за прекршоци, кој сè уште не е разгледан во Собранието.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.