Спортот и семејните вредности

1

Во присуство на директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и градоначалникот Марјан Ристески, пред голем број директори, родители и ученици денеска започна реализација на проектот „Спортот и семејните вредности“. Основна намена на проектот е да се промовира спортот преку семејните вредности и да се стимулираат граѓаните преку спортот и спортските активности да се дружат повеќе меѓусебно, да се зајакнат врските во семејството во насока на поддршка на демографските политики. Денеска учениците од основните училишта се натпреваруваа во: штафета со топки, штафетно пресоблекување на дрес, штафетно подавање на топка под нозе – над глава, куглање и фудбал.
Проектот е во организација на Агенција за млади и спорт, Сојуз на спортски федерации на Македонија и локалните самоуправи во Р. Македонија

2 3 4 5 6 7 8 9 10 11




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.