СПЕЦИЈАЛНАТА ЕДИНИЦА „ЛАВОВИ“ СЕ РЕОРГАНИЗИРА: Итно да се отфрли Тиранската платформа за да се спречи братоубиствена војна!

Единицата „Лавови“ се огласи во јавноста по повод политичката ситуација:

lavovi_Crna_Strela_tetovo2001_2-768x784

Ви го пренесуваме соопштението интегрално:

Поради сериозноста на политичката ситуација во Република Македонија чувствуваме потреба да се обратиме до македонските граѓани. Не завземајќи ниту една од страните на политичките партии, ќе бидат прозвани и искритикувани сите без исклучок, вклучувајќи го и претседателот на државата, бидејќи завземениот став на Единицата „Лавови“ е само и исклучиво за интересите на Република Македонија и нејзините граѓани без разлика на нивната верска, расна, политичка или етничка припадност.

1.Го повикуваме претседателот на Р.Македонија, иако со задоцнување, да го повика амбасадорот на Р. Албанија и од него да побара јавно извинување во име на Р. Албанија за мешањето во внатрешните работи на Р. Македонија и итно отфрлање на Тиранската платформа. Во спротивно амбасадорот на Р. Албанија веднаш да биде протеран од нашата држава.

2.Албанските партии да престанат со националистичка реторика и да се свртат кон соживот и почитување на Уставот и законите во Република Македонија и да се откажат од утопистичката идеја за Голема Албанија. Треба да знаат дека унитарноста и независноста на државата со живот ќе ја браниме.

3.Бараме од македонските политички партии да седнат на заедничка маса и да ги прецизираат црвените линии во однос на македонските национални интереси и за правата на етничките заедници во Република Македонија. Со тоа да не дозволат фаворизирање на една етничка заедница во однос на другите.

Им порачуваме на политичарите дека ќе спречиме братоубиствена војна и поделба на државата заради политички цели и интереси.

Народот да биде сигурен и спокоен дека се горе наведено ќе биде исполнето, бидејќи секој ќе одговара пред законите и Уставот на Република Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.