Со настапот на Dine Doneff”s Lost _Anthropology од Грција, започна втората вечер од Џез викенд кој се случува во Прилеп. Потоа следуваше експерименталниот состав „Chui“ од Загреб, а во off програмата со својот свет настапи популарниот DJ Костадин Шурбановски – Шурбе.
Публиката презадоволна и со силни овации ги поздрави учесниците, а повозрасните љубители на џез музиката посочија дека различните културни вкусови им се потребни на младите генерации.
Вечерва е последната, трета вечер која е резервирана за гостите од Хрватска Franz Kafka Ensemble, незаменливиот Влатко Стефановски со своето Трио и за сладокусците во off програмата Џенгис Ибрахим со проектот Hi Cazz 3.
Како за потсетување, како и секоја година така и оваа фестивалот има своја програма и во локалните џез клубови во градот.