Спектакуларен концерт на балканскиот шармер Жељко Самарџиќ во Прилеп: Прилепчани во еден глас пееја за малиот Дејан (Видео)

Синоќа во Универзалната сала во Прилеп се одржа голем хуманитарен концерт на кој настапија македонските пејачи Филип Николоски и Јоце Панов, а главната ѕвезда беше единствениот Жељко Самарџиќ.

Универзална беше исполнета до последно место како во најдобрите времиња, а целта беше да се соберат шо повеќе средства за лекување на малиот Дејан Најдоски од Прилеп кој боледува од аутизам.

Прилепчани покажаа дека имаат големо срце и ги искупија сите влезници за концертот. Кулминацијата на вечерта ја направи неповторливиот балкански шармер Самарџиќ кој приреди концерт за паметење.

Покрај своите огромни хитови, Самарџиќ пееше и македонски песни, а го развиори и македонското знаме.

Сега нашите мисли се со малиот Дејан на кого му посакуваме успешен третман и подобрување на неговото здравје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.