Спаcoвски: Ако има потpeба, може да се затвopи и гpaницата

-Ако има каква било потреба или оправданост која што ќе произлезе од Комисијата за заразни болecти секако дека ќе носиме одлуки, затоа што наш голем приоритет е ние да се заштитиме, да ја заштитиме државата и да го заштитиме здравјето на граѓаните – истакна денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали е можно затворање на северната граница со оглед на состојбата со кopoнавиpycoт.

Тој посочи дека секојдневно ги следат и анализираат состојбите и кај нас и во регионот.

-Епидемиолошката слика не само кај нас, во регионот е иста речиси секаде и веќе не се разликува многу и во некои други држави во Европа. И тоа беше, нели, и клучниот елемент, или би рекол клучната причина зошто се дојде до отворање на границите, заради тоа што ништо нема да промени ако имаме таква епидемиолошка карта, а секако дека овие други мерки коишто се однесуваат на наша заштита – заштитната опрема, дистанцата, дезинфекцијата тоа се клучните мерки коишто ние можеме да ги примениме и со коишто можеме да се заштитиме – нагласи Спасовски.

Техничкиот премиер, рече дека рестрикциите никој не ги посакува.

-Кога бевме во време на рестрикции сите едвај очекувавме да се ослободиме од тие рестрикции. Знам дека кога ќе дојде момент да немаме рестрикции ни се зголемуваат случаите, сега бараме сите дајте да ги вратиме рестрикциите. Мислам дека треба да се насочиме таргетирано на соодветни групи, на одредени подрачја итн., меѓутоа клучната работа е и затоа уште еднаш апелирам до граѓаните – мерките мора да ги почитуваме и да не го потценуваме вирусот затоа што еден дел од граѓаните мислам дека го потценуваат вирусот, со тоа што или сметаат дека е многу лесно заболување или, пак, дека воопшто не постои. Тоа е една пропаганда која што ја шират луѓето, меѓутоа мислам дека се она што ни се случуваше, се она што ни се случува доволно е како аргументација да се однесуваме навистина одговорно и сериозно и кон себе и кон сите – потенцираше Спасовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.