Спасовски за словенечкиот весник “Дело”: “Балканот во ЕУ полecно ќе ја одбpaни Евpoпа од кpиминалот”

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на неговата работна посета на Република Словенија по повод учеството на министерската конференција: 10. Неформален состанок на министри за внатрешни работи на Брдо Процесот даде интервју за словенечкиoт весник „Дело“.

Во него Спасовски зборува за справувањето на Македонија со епидемијата со Ковид-19, мигрантската криза и илегалните миграции, борбата со организираниот криминал и сите други форми на криминал, патот на балканските држави кон ЕУ и нивната улога во спречувањето на криминалот во ЕУ.

– Полесно ќе ја одбраниме Европа од кпиминалот ако бидеме дел од ЕУ. Нашата позиција е јасна: ние сме на европскиот пат и притоа сме доследни. Мнозинството граѓани сакаат да влеземе во ЕУ, целиот регион нема алтернатива во однос на членството во ЕУ. Ќе сториме сè за да ја постигнеме целта и да ги започнеме преговорите со ЕУ. Се надевам дека ќе се случи поместување уште пред почетокот на словенечкото претседателство на Советот на ЕУ, истакна во еден дел од интервјуто министерот за внатрешни работи Спасовски.

Целото интервју прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.