Спасеновски: Бројките се немилосрдни, власта нема двотретинско мнозинство за уставни измени, работната група ја губи смислата без учество на ВМРО-ДПМНЕ

Бројките се немилосрдни и укажуваат дека власта во овој момент нема потребно двотретинско мнозинство, имајќи предвид дека нема поддршка за уставните измени од страна на главната најголема опозициска партија. Власта нема потребно двотретинско мнозинство да ја опточне и успешно да ја реализира иницијативата за уставни измени, изјави професорот по уставно право на Правен факултет, Александар Спасеновски за „Тема на денот“ во вестите на Сител.

– Внимателно ги следиме состојбите околу уставните измени, одлуката на владата која е предлагач на и водич на процесот е дека се формира работна група од делегирани експерти делегирани од државни институции и од политички партии. Но претставува голема маана фактот дека нема членови од страна на главната опозициска партија што самото по себе имајќи го предвид карактерот на уставните измени, потребното двотретинско мнозинство, тоа упатува на заклучок дека дијалог постои, но во однос на шансите прогнозите се крајно скептични, имајќи го предвид распоредот на бројките во собранието, нагласи Спасеновски.

Според него работната група ја губи својата смисла на постоење бидејќи нема поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.
– Работната група сама по себе овозможува да се создаде подрачје за отворена експертска и политичка дискусија да ги запознаат граѓаните и да се одбере најдоброто решение, но нема претставници на опозицијата и сама по себе може да дискутира и носи одлуки. Но ако не се земат предвид ставовите на целиот дел од општеството и сите политички структури, особено во светло на бројките во Собранието, таа ја губи својата смисла. Таму ќе се расправа, но мала е извесноста без дијалог со најголемата опозициска партија да се постигне решение, изјави Спасеновски.

Тој додаде дека постапката дефинирана во Уставот е сосема јасна, таа се одвива во 5 фази и почнува со потреба за отворање на Уставот и таа одлука е првата која се носи и се носи со двотретинско мнозинство, како и последната се носи со двотретинско мнозинство.

Се отвораат сомнежи околу Методологијата како се реализираат овие уставни измени кои се резултат на францускиот предлог како резултат на барања на Бугарија во однос на Македонија, рече тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.