Екс министерот за транспорт и врски и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, преку својот Твитер профил ја праша Владата до каде се со отварањето на автопатот Миладиновци-Штип, за кој рекоа дека ќе биде пуштен во употреба до крајот на јануари.
“Бидејќи Владава работи на ‘’facebook’’ објави и дојави, да ве потсетиме дека ветивте ќе го пуштите во употреба автопатот Миладиновци – Штип до крајот на месец јануари, дали утре да организираме плех музика?
Или пак месец јануари за вас има повеќе дена во вашава Северна?”, напиша Мисајловски на Твитер.
Бидејќи Владава работи на ‘’facebook’’ објави и дојави, да ве потсетиме дека ветивте ќе го пуштите во употреба автопатот Миладиновци – Штип до крајот на месец јануари, дали утре да организираме плех музика?
Или пак месец јануари за вас има повеќе дена во вашава Северна ?
— Vlado Misajlovski (@VMisajlovski) January 30, 2019