На ден 14.10.2024, Боречкиот клуб “7-ми Мај” од Прилеп настапи со 4 свои борачи на силниот Меѓународен турнир “Трофеј Победник” во Србија, каде успешно ја завршија натпреварувачката сезона за оваа година и ги постигнаа следниве резултати:
1.Михаил Илијески во категорија до 55кг. освои прво место,
2.Ангела Трајкоска во категорија до 54кг. освои прво место,
3.Марија Велјаноска во категорија до 46кг. освои трето место и
4.Тамара Цветкоска во категорија до 62кг. освои трето место.
Стручниот тим на клубот е задоволен од постигнатите резултати во изминатава година и заедно со своите борачи ветуваат уште поголеми успеси во наредната 2025г.